Тешко повредена жена на скопскиот булевар „Кочо Рацин“

Возрасна скопјанка прегазена на булевар „Кочо Рацин“ во Скопје, со тешки повреди итно префрлена во болница

-На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПендаровски прифати дебата со сите противкандидати на МРТ
Следна вестТешка сообраќајка на патот Штип-Кочани, загинаа две лица