Тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани, загинаа две лица

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на експесниот пат Штип – Кочани.

Според првичните информации во несреќата помеѓу две патнички возила, која се случила околу 14 часот и 25 минути животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Претходна вестТешко повредена жена на скопскиот булевар „Кочо Рацин“
Следна вестМостот „Беласица“ се тестираше со шест натоварени камиони тешки 208 тони