Пендаровски: Сликата во Србија беше срам за нашата држава

Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Такви слики едноставно не може да се повторат.

Вака претседателот Стево Пендаровски ја коментираше вакцинацијата на нашите граѓани изминатиот викенд во Србија. Тој рече дека државата мора да пружи здравствена заштита тука. Вакцинирањето мора да се спроведе во најдобар ред и така да остане до целосна имунизација на населението и прекини во процесот не смее да има.

-Точно е дека се потпиравме на Ковакс кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира, рече Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

Претседателот рече и дека здравствените капацитети се искористени до максимум, но државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Венко Филипче, пак, добил уверување дека такво нешто не се случило досега, ниту ќе се случи во иднина.

Пендаровски апелира до приватните здравствени установи да се откажат од профитот за да ги направат нивните услуги подостапни за граѓани и ако има потреба да го упатуваат својот персонал во јавните здравствени устави, за како што рече, лични трагедии да не се користат за лични бенефити.

Претходна вестРазрешено убиство од пред 4 години: Гостиварец со пиштол убил скопјанец
Следна вест37-годишник пронајден мртов на улица во Аеродром