Пензионерите денеска протестираа во Прилеп, утре пред странски амбасади и Владата

Бараме она што заслужено треба да го добиеме, а тоа е пензија за достоен живот, порачаа денеска пензионерите од Прилеп коишто протестираа во централното градско подрачје. Тие нагласија дека не сакаат социјални мерки коишто ги најавува Владата оти не се социјална категорија.

Тие се разочарани од тоа што власта не сака да ги слушне нивните барања за линерано зголемување на сите пензии за по 5.000 денари, а најмалапензија д аизнесува 20.000 денари. Побараа поддршка од сегашниот претседател и поранешните претседатели на Македонија.

-Како еднаш Претседателот на Македонија кој е татко на Македонија. Не најде за сходно да не спомене како категорија. Нека не погледне и не кажи зошто ние се наоѓаме тука. Поздрав до Бранко Црвенкоски кој е еден пензионерите со највисоки примања во Македонија и највисоки бенефиции кои ги поседува со лично обезбедување, автомобили, на нашиот грб. Исто и Ѓорѓе Иванов, каде се? Еве ги повикуваме јавно од тука од градот Прилеп, градот борец, утре во 12 часот да дојдат пред Влада нека го слушнат нашиот глас, изјави Верче Јанческа, пензионер.

Крајно се револтирани и на претседателката на Сојузот на пензионерски здруженија, Станка Трајкова, не само што не ги поддржувала туку на сите Здруженија по градовите им забранила да обезбедат автобуси за утрешниот протест во Скопје. Уште еднаш обвинија дека со пари од македонскиот пензиски фонд за исплаќаат пензии за граѓани од Косово.

-Нека има доблест министерката и нека кажи колку имаме пензионери од Косово, а колку од Македонија. Имаме пензионери и по рамковен договор кој што воопшто немаат ниту еден ден работен стаж, а сега веќе од 2001 година досега се стекнаа со тие 15 години стаж, а воопшто не влегоа во работните организации, додаде Јанческа.

Утре протестот го започнуваат во 11 часот пред американската, холандската, германската и амабасадата велика Британија, од каде ќе бараат поддршка за нивната состојба, а потоа во 12 часот продолжуваат со собирот пред Влада.

Претходна вестАлбанска државјанка протерана од земјава, сакала да мине на „Табановце“ со скинат пасош
Следна вестМлад тетовец нападнат на улица