Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.
– Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.
Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.