Дете почина откако во тешка состојба било донесено во болница

Тетовската полиција информира дека вчера било пријавено дека околу 3 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство.

По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал. Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

Претходна вестMедицинските експерти: Децата под 13 години се премногу мали за социјалните мрежи
Следна вестПесков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон