Пет лица каснати од кучиња скитници

Денеска (17.01.2024) во 10.40 часот во Полициската станица Драчево, Б.Н.(50) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека неговата малолетна ќерка на ул.„Иван Хаџиниколов“ била касната од куче скитник.

На 16.01.2024 во 14.00часот во Полициската станица Велес, С.С.Х.(21) од Велес пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 16.01.2024 во 16.00 часот, М.П.(39) од Струга во полициска станица пријавила дека на кеј „8 Ноември“ во Струга нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 16.01.2024 во 17.45 часот во Полициското одделение Галате, И.А.(58) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

Денеска (17.01.2024) во 00.50 часот во Полициската станица Драчево, В.Р.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје била касната од куче скитник.

Претходна вестКралот Чарлс следната недела ќе оди на операција
Следна вестЖена ја нападнала и повредила својата мајка во Тетово