Кралот Чарлс следната недела ќе оди на операција

Кралот Чарлс „барал третман за зголемена простата“, според Бакингемската палата.

Според Скај њуз, во соопштението објавено од палатата, се наведува: „Заедно со илјадници мажи секоја година, кралот бараше третман за зголемена простата“.

„Следната недела кралот ќе оди во болница на корективна процедура. Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за краток временски период“, се наведува во соопштението.

Претходна вестЛице од Волково пријавило дека бил истепано во гаража во Ѓорче Петров
Следна вестПет лица каснати од кучиња скитници