Пет лица повредени при судир на автобус и автомобил во Скопје

Сообраќајна несреќа помеѓу автобус „лаз“, управуван од В.П.(50) од Скопје и „фолксваген голф“, управувано од Х.Х.(26) од Скопје, се случила вчера попладне на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

-Во незгодата сопатниците од возилото Ш.Х.(54) и С.Х.(19) се здобиле со тешки телесни повреди повреди, а возачот и сопатничка од возилото С.Х.(43), како и 16-годишен патник од автобусот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје

Претходна вестОпштина Аеродром објави конкурс за избор на идејно решение за изградба на општинска зграда
Следна вестКривична пријава за угостител, не го почитувал работното време