Скопје ја надмина бројката од 10.000 активни случаеви на корона вирус а во пет скопски општини има повеќе од 1.000 инфицирани, произлегува од вчерашните податоци кои ги објави Министерството за здравје. Така, вкупната бројка на случаи во главниот град стаса до 10.130 лица.
Општина Гази Баба и натаму е подрачје со најмногу инфицирани со 1.490 граѓани додека веднаш зад неа е Аеродром со 1.474. Повеќе од илјада случаеви имаат и општините Кисела Вода – 1.245, Карпош – 1.186 и Центар – 1.173.
Во Ѓорче Петреов има 874 случаи, во Чаир 639, Бутел 584, ШутоОризари 206 и во Сарај 160.
На поширокото скопско подрачје состојбата е следна: Студеничани – 52, Арачиново -31, Илинден – 251, Сопиште – 66, Чучер Сандево – 99, Петровец –128 и Зелениково -83.