Петмина наши граѓани чекаат на евакуација од Газа

Петмина македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од завојуваното подрачје Газа. Идниот макеоднски амабасадор во Израел Шпен Садики денеска рече дека се работи за еден брачен пар и татко со две мали деца. На мајката на децата, која е палестинска државјанка ѝ е издадена виза.

Садики, кој денеска реферираше пред пратениците на Комисијата за надворешни работи во Собранието, рече дека дел од кризниот штаб сега е фокусиран на Газа во обид да се извлечат тие пет луѓе.

-Она што е невозможно да влијаеме е одлуката кога ќе се отвори границата. Таа одлука зависи од Египет и делумно  од Израел. Во комуникација сме секојдневна со нашата вршителка на работи во Каиро Елма и со Мачеј во Тел Авив и со нашите државјани, рече Садики.

Новиот амбасадор, кој одговараше на прашање на пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што се прави за извлекување на наши граѓани од Појасот Газа, меѓу другото  информираше дека се издадени патни листови за децата кои немале пасош, а мајката на децата е палестинска државјанка и за неа е издадена виза.

-Ќе зависи од египетските власти дали ќе дозволат таа да излезе од земјата. И ние ќе инсистираме. Амбасадата во Тел Авив не е акредитирана за палестинските територии. Неколку држави имаат формални релации со нив, но ние немаме и тоа е политичка одлука, но конзуларна заштита за Западниот Брег нудиме од амбасадата во Тел Авив, а за Газа преку амбасадата во Египет, рече Садики.

Новиот амбасадор истакна дека ние имаме мала дијаспора во Израел и дека бројката на наши граѓани таму се движи меѓу 200 и 300.

-Македонија ги следи позициите на Брисел и се залагаме за продолжување на преговорите сѐ до постигнување трајно и сеопфатно решение. Кризата во последните две недели покажа колку е важно сојузништвото на САД со Израел, пресудно за обезбедување поддршка за Израел, рече Садики.

Тој рече дека односите на Македонија и Израел се одлични, но имаме слаба секторска и економска соработка. Се предлага соработка во туризмот и економијата односно инвестиции. Посетите на највисоко нови ќе зависат од безбедносната состојба во земјата.

Претходна вестУреден паркот покрај булевар „АСНОМ“ во Аеродром
Следна вестФрлил милион долари од хеликоптер, 4000 луѓе избезумено собирале пари