Во текот на вчерашниот ден во период од 20:00 до 04:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, во општините Аеродром, Карпош и Центар при што санкционирани се 135 возачи.
Во Општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без возачка дозвола, две мерки за измината важност на регистрација на возилото, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.Во Општина Карпош санкционирани се вкупно 29 учесници во сообраќајот, од кои четири управувале возило без возачка дозвола, 18 возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник.
На територија на Општина Центар санкционирани се вкупно 46 возачи, од кои пет управувале без возачка дозвола, 17 возачи управувале под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник.