Петровска не била информирана за наводна афера со сексуално вознемирување на офицерки во АРМ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска досега не била информирана за наводниот скандал со сексуалното малтретирање на офицерки во АРМ. Вакво пратеничко прашање вчера го постави Драган ковачки од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека во АРм има сериозни случаи на сексуално малтретирање.

-Во АРМ има сериозни случаи на злоупотреби на службената позиција и сексуално малтретирање на подредени офицерки и војници од страна на високи офицери вклучително од страна на генерали и началници во воената безбедност. Истите високи офицери за возврат им ветувале унапредување и школување на Воената академија и други бенефити, рече Ковачки.

Петровска во синоќешниот настап на ТВ„! рече дека за ваков наводен скандал досега не била информирана.

-За ваков наводен скандал за кој денеска праша пратеникот Ковачки и кој прашањето го упати до претседателот на Владата, иако јас бев присутна за сето време на одржувањето на пратеничките прашања, за таква афера до овој момент јас официјално не сум известена. До мене како министерка за одбрана не се пристигнати никакви писмени поднесоци со кои ќе се потврди таков наводен скандал дека постои, рече Петровска.

На прашањето од каде се информациите кои ги изнесе пратеникот, Петровска рече дека тој ќе треба да си го провери изворот колку е веродостоен или, пак, како што рече, свесно го втурнуваат во некој дезинформационен круг.

-Веројатно се од истиот извор кој му ги дал документите дека јас поседувам хациенда или од истиот тој кој го натера пред неколку месеци и на собраниската говорница и на неговите социјални мрежи да напише „припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово“. Кога на пратенички прашања ми беше поставено прашањето јас го покажав документот официјален од косовските власти и од КФОР со кој се потврдува дека таков инцидент не се случил. Веројатно информациите му се од истите тие кои досега му ги сервираат сите лаги и шпекулации кои изминатиот период се обидува да ги пласира, рече Петровска.

Таа додаде дека не влијаела со прикривање на некакви информации кои ги имала на располагање за некого да заштити.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди
Следна вестСе бореше додека има куршуми, па со бомба се разнесе, но на окупаторите не се предаде – Стив Наумов