Платон нов тренер на ракометарките на Вардар

Анжела Платон, поранешна репрезентативка на Македонија, која беше дел од „златната генерација“ на Кометал Ѓорче Петров, клубот со кој во 2002 година стана европски шампион е нов шеф на Стручниот штаб на сениорската екипа на ЖРК Вардар, соопшти клубот.

Платон повеќе години е дел од Вардар, каде што работеше со младинските екипи и со талентираните ракометарки. На почетокот од новата сезона таа беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како помошник тренер на Александар Царчев, Од пролетниот дел Платон ќе биде прв тренер, а ќе остане и како предводник на младинската екипа.

Александар Царчев ќе продолжи да работи во Вардар, како тренер на голманите, во сите четири категории: пионерска, кадетска, младинска и во сениорска конкуренција.

Претходна вестГрчки „Архиродон“ се откажа од изградбата на Чебрен, не ја продолжи банкарската гаранција
Следна вестСаудиска Арабија и официјално се приклучи на сојузот БРИКС