Саудиска Арабија и официјално се приклучи на сојузот БРИКС

Саудиската „ТВ Екбарија објави дека кралството официјално се приклучило на БРИКС. Како што наведуваат од телевизијата со ова Саудиска Арабија ја зајакнала својата позиција во светот.

– Кралството официјално стана полноправна членка на групата БРИКС, во која спаѓаат Русија, Кина и други земји, со што ја зајакнува својата позиција во светот – објави телевизијата.

Во август минатата година, на самитот на БРИКС во Јужна Африка, земјите-членки на оваа организација најавија дека имаат намера да поканат уште шест земји, меѓу другите, најголемите производители на енергенси, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Се очекува проширувањето на блокот БРИКС со Саудиска Арабија и ОАЕ да понуди нови можности за инвестирање за двете најголеми економии во арапскиот свет, истовремено зголемувајќи го влијанието на групата на глобално ниво, велат аналитичарите.

Претходна вестПлатон нов тренер на ракометарките на Вардар
Следна вестВо Турција приведени 33 лица осомничени дека шпионирале за Мосад