Mладиот македонски пливач Никола Ѓуретановиќ кој како прв од македонските спортисти се појави на олимписките борилиштата во Париз забележа неуспех во квалификациите. Утринава тој учествуваше во квалификациите на 400 метри слободно и го освои последното место. Ѓуретановиќ пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна последен на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд.
Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.
Со денешниот настап, Ѓуретановиќ го заврши олимпиското учество во Париз. Остануваат уште петмина наши претставници со надеж за медал.