По јавниот судир меѓу Села и Таравари, почнаа и тепачките меѓу членовите на АА

Откако Зијадин Села, поранешниот претседател на Алијанса за Албанците вчера најави иницијатива за разрешување на актуелниот претседател Арбен Таравари, несогласувањата меѓу членството на партијата премина и во насилство. Првата жртва е Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот кој дал отворена поддршка на Села.

Инцидентот се случил во ресторанот Седра во Тетово каде Небиу бил нападнат од Кренар Османи, бризок соработник на Таравари, пишува Клан.

Дритон Небиу ја потврди информацијата дека вчера бил физички нападнат од Кренар Османи и рече дека инцидентот го пријавил и во МВР.

-Во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелски објект на улица Илирија во Тетово лицето Н.Д., физички бил нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од СВР Тетово.

Небиу е против одлуката на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција. Села е за самостоен настап на Алијансата за Албанците на претстојните парламентарни избори.

Деновиве Централното собрание на АА треба да ја донесе конечната одлука за учеството на партијата на изборите.

Претходна вестВремето денес сончево и натпросечно топло со мала локална облачност
Следна вестДенес студентите излегуваат на протести