По неколку случаи на труење во Хрватска, „Кока Кола“ повлекува дел од своите пијалаци

Компанијата „Кока Кола“ од Хрватска соопшти дека повлекува три серии од своите производи од полиците, поради сомнение за труење на неколку лица.

– Поради неодамнешните настани, преземаме чекори за заштита на јавното здравје, велат од компанијата, а пренесува „Нова.рс“.

– Привремено повлекуваме една серија со вкус’ 500 мл во пластична амбалажа (ПЕТ) од пазарот согласно усна одлука на Државниот инспекторат на Република Хрватска, серија производи „Кока-Кола Оригинален вкус“, „газиран безалкохолен пијалак, 500 мл ПЕТ“ произведен на 11 октомври 2023 година со рок на траење до 11 април 2024 година“. Иако нашата интерна анализа не покажала никакви неправилности во производството или во производите, сепак одлучивме привремено да повлечеме две ограничени серии „Romerquelle Emotion боровинка и калинка 330 ml“ во стаклена амбалажа до завршување на официјалната истрага. Станува збор за серии произведени на 27 мај 2023 година (со рок на траење до февруари 2024 година) и 22 јуни 2023 година (со рок на траење до март 2024 година, соопштија од компанијата.

Инаку неколку лица во Хрватска се пријавиле кај лекарите со повреди на непцето и хранопроводникот по консумирање безалкохолни пијалaци од оваа компанија. Од „Кока Кола“ вчера потврдија дека еден случај е предизвикан од консумирање минерална вода „Ромеркел“.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави дека истрагата е во тек и ги предупреди граѓаните да внимаваат што консумираат.

Претходна вестНа Јавното обвинителство му недостасуваат 88 јавни обвинители
Следна вестЈадранка Дабовиќ – Анастасовска го помина комисискиот филтер за нов член на Уставен суд