Загрижувачки закани добиле патници во автобус на ЈСП од две лица кои се возеле без маски, а станале агресивни кога биле опомени од останатите патници. За време на инцидентот тие се закануваат дека останатите патници не знаат со кого си имаат работа, како и дека ќе сечат глави и ќе ги стават во киселина. Сето ова е објавено на видео на социјалните мрежи.
-Ќе треба на некого главата да му ја сечам. Не се занесувајте. Ќе те носам и во киселина ќе те ставам. Ти не знаеш со кого си имаш работа. Што ако не е станица, овде јас кажувам, зборуваат на видеото двете лица.
Едниот од нив удира по држачите во автобусот и прашува дали шоферот има станица, на што останатите патници му укажуваат дека автобусот ќе застане на станица.
Но, на тоа тој возвраќа дека и државата и полицијата ќе работат за него и тој тука кажувал кој каде треба да застане.