Сончево и топло време со мала до умерена облачност во претпладневните часови најавуваат синоптичарите за скопското подрачје.
-Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темпаратура ќе достигне 26 степени, се наведува во прогнозата
Времето ќе биде променливо облачно и на подрачјето на целата земја. Претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8