По пцостите кон професорка двајца ученици исклучени од средното училиште „Владо Тасевски“

Двајца ученици се исклучени од средното скопско училиште „Владо Тасевски“ – ПТТ по случајот во кој за време на онлајн наставата професорката била нападната со пцости. Одлука за исклучување ја донел Наставно-научниот совет на денешната седница.

 -Денес заседаваше наставничкиот совет и едногласно донесе одлука да ги исклучи двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, се наведува во објавата на Фејсбук-страницата на училиштето.

Инцидентот се случил на час за испрашување на знаењето на учениците. Откако побарала еден ученик да ја вклучи камерата тој почнал со пцости и да ја навредува. Професорката случајот го пријавила на класниот раководител. Исечок од случката се најде на социјалната мрежа „ТикТок“ поставена од друг ученик.

Претходна вестНа инфективните одделенија во Македонија се лекуваат од вирусот 985 пациенти
Следна вестДеветмина полицајци повредени во сообраќајка во кумановско