По случувањата на токсикологија, доктор Беќаровски најави заминување

Докторот Нико Беќаровски си заминува од државното здравство. Барем така може да се протолкува неговата порака на Фејсбук. Тој вчера заедно со уште пет доктори од стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија одржаа конференција за медиуми и јавно го вперија прстот за состојбата во клиниката кон економската директорка Бесија Иљази. Наместо да ја разреши Иљази, министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.

Беќаровски и неговите колеги рекоа дела Иљази не дозволила да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело лани на 31 декември, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука.

Инаку Иљази, како што пишуваа повеќе македонски медиуми, на работа доаѓала со татко ѝ, кој и бил еден вид „обезбедување“ и преведувач. На состаноците некој од персоналот секогаш ѝ помагале на Иљази во преводот од македонски на албански.

-35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР. ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, напиша докторот Нико Беќаровски на фејсбук.

Претходна вестПетровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Следна вестНа социјална мрежа му се заканувал на полицаец, кривична пријава за маж од Тетово