По три месеци ротации, од 1 февруари администрацијата во полн состав на работа

Администрацијата целосно да се врати  на работа од 1 февруари и да нема ротации, кои беа воведени поради ситуацијата со ковид-19.

Но дали ова ќе се спроведе, сепак зависи од самите институции. Враќањето на администрацијата во колосек засега останува само предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа на денешната прес -конференција рече дека за ова од Владата ќе побараат мислење од Комисијата за заразни болести.

Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, врз основа на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Претходна вестНовозаразени од вирусот се 394 лица, починале 9 пациенти
Следна вестЕвропа кај нас: Што јадат децата во градинките во Карпош?