Европа кај нас: Што јадат децата во градинките во Карпош?

Во градинките во општина Карпош храната се подготвува по сите европски регулативи кои се однесуваат на хигиена на опремата. Оваа општина е прва институционална членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн  (EHEDG – European Higienic Engineric and Design Group) која ги запазува европските регулативи за хигиенска опрема.

Што значи тоа?

Опремата и машините за производство на храна се сертифицирани преку правилниците на ова престижно европско тело, додека храната е според ХАСАП  – принципите (HACCP  – Hazard Analysis and Critical Control Point).

Градинките имаат возила кои ги пренесуваат топлите оброци на соодветна температура која се мери пред нивно транспортирање.

Со ова, децата во сите објекти на градинките во Карпош добиваат здрав и квалитетен оброк: храната секојдневно е различна, подготвена од сезонски намирници, адекватно складирана, термички обработена и сервирана.

При подготовка на ужинките, пак, се избегнува користење на рафиниран шеќер, а како замена се користат јаткасти плодови, семиња (лен, чиа, семки од тиква) или суво овошје.

Ако здравјето доаѓа преку устата, тогаш ова е убав пример за создавање здрави навики од најмала возраст. Да се надеваме дека Општината и градинките континуирано ќе се придржуваат на споменатите правилници.

Претходна вестПо три месеци ротации, од 1 февруари администрацијата во полн состав на работа
Следна вестОаза среде бетонската пустина: Зазеленува и покривот на „Мавровка“