Силен земјотрес го стресe грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран утрово, јужно од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, жителите на градот Ираклио ги напуштија домовите и објектите и се на улиците, а според првичните информации, земјотресот траел долго и бил почувствуван на целиот остров.

Земјотресот беше регистриран во 9 часот и 17 минути по локално време, епицентарот е на копно, а не во морскиот дел, 23 километри северозападно од градот Арви, што се наоѓа јужно од Ираклио.

Претходна вестВо Скопје повторно изречени многу казни
Следна вестПриведен 21. годишник скопјанец поради разбојништво