Почина американскиот војник што се самозапали пред израелската амбасада во САД. Полицијата го идентификувала мажот како 25-годишниот Арон Бушнел од Тексас.
Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот по што мажот во критична состојба бил пренесен во болница со тешки повреди.
Војникот снимил сè на својот телефон и во живо го пренесувал на социјалната мрежа „Твич“, а за време на преносот во живо се претставил како активен член на воздухопловните сили.
Пред да се самозапали, тој рече дека повеќе нема да биде учесник во геноцидот, а сведоците го слушнаа како извикува „Ослободете ја Палестина“ додека гореше.