Патријархот Неофит, како што објави Бугарската православна црква (БПЦ), починал вчеравечер околу 22 часот на Воено-медицинската академија во Софија како последица на повеќекратно откажување на органите. Во ноември лани тој беше хоспитализиран поради белодробно заболување. Поглаварот на Бугарската православна црква и митрополит на софиската епархија, починаl синоќа по долго боледување, објави Синодот на БПЦ на својата официјална веб-страница.
Патријархот Неофит, како што објави БПЦ, починал вчеравечер околу 22 часот на Воено-медицинската академија во Софија како последица на повеќекратно откажување на органите.
Во објавата во која ја обзнанува смртта на поглаварот, кој беше на чело на Бугарската православна црква од 2013 година, Синодот на БПЦ ги повика верниците да се молат на Бога за успокојување на неговата душа.
– Нека е вечен, благословен и светол споменот на нашиот пресвет отец Неофит, патријарх бугарски и митрополит софиски. Господ да му ја упокои душата! Неговото небесно царство, пишува во објавата на Синодот на БПЦ.
Веста за смртта на бугарскиот патријарх дојде неколку месеци откако во ноември 2023 година тој беше примен на Воено-медицинската академија во Софија со белодробна болест. Додека беше хоспитализиран, функциите на поглаварот на БПЦ ги извршуваше митрополитот великотрновски Григориј.
Според статутот на Бугарската црква, во рок од една недела по смртта на патријархот мора да се избере заменик-претседател на Синодот, а потоа може да започне организацијата за избор на нов патријарх. Изборот мора да се одржи до четири месеци по смртта – односно до јули годинава БПЦ мора да има нов патријарх.
Неофит беше на чело на Бугарската православна црква од 24 февруари 2013 година.