Почина патник во градски автобус во Скопје

Пријава за починато лице во автобус на градско сообраќајно претпријатие „Скопје“ вчера попладне добила полицијата.

-На 24.08.2020 во 16.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Ј.М.(59) од с.Биљановце, кумановско, соопшти полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Претходна вестКостовски јавно побара повлекување на стечајот на Еуростандард банка
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со луѓе блиски до власта организираше фингирана расправа за Универзална