Почина пензионерката која доби 15.000 евра сметка за вода

Пензионерката Катерина Џовинацо (88) од италијанскиот град Кампоросо кај Империја починала на Бадник откако добила сметка за вода во износ од 15.339 евра. На почетокот на декември, да потсетиме, странските медиуми објавија дека 88-годишна Италијанка била примена на интензивна откако дознала дека мора да плати сметка за вода во тој вртоглав износ.

Имено, откако на пензионерката, снаата ѝ го прочитала износот на сметката, таа колабирала и со Брза помош била пренесена во болница. Пензионерката требало да плати само 55 евра за периодот од август до октомври, но дошло до грешка и на 88-годишната жена ѝ бил испратен износ поголем од 15.000 евра. Банката тогаш веднаш префрлила половина од парите за сметката на водовод, бидејќи Катерина Џовинацо претходно дала дозвола за директно подигнување пари од нејзината банкарска сметка.

Од компанијата за снабдување ИРЕН се извиниле за настанатиот проблем.

Претходна вестУченици заработија и донираа 265 постелнини за Детската клиника
Следна вестПолицијата пронајде 749 пиротехнички средства во возило на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети