При преглед на патничко моторно возило „Ренџ Ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, полицијата пронајде 749 пиротехнички средства, пренесува Макфакс извесување од МВР.
-Вечерва во 19.50 часот на улица „Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од 25-годишниот Дрин Ахмети од село Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства, соопшти МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
За потсетување: Името на внукот на лидерот на ДУИ се проби во јавноста летово кога беше објавено дека купува деловен објект во центарот на Скопје (Соравија) вреден милиони евра.
Фото: Архива





