Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во информацијата до јавноста се наведува дека Димовски оставил траен белег со своите активности/
-Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство, се наведува во соопштението.
Погребот ќе биде на 12 јуни 2023 година, во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел.