Почина ракометарот Тот

Ракометарот на „Бутел“, хрватскиот интернационалец Денис Тот, починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје синоќа, без срцева акција и без траги на насилство.

МВР соопшти дека вчера во 4:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Претходна вестНови 163 заразени, има и 4 починати
Следна вестССМ на 1 мај наместо марш ќе организира масовен протест за платите