Почина Вера Ќосевска, една од најзначајните архитектки во земјава

На 95 години, викендов почина една од најголемите македонски жени архитекти, Вера Ќосевска.

Во својот професионален работен век работела проекти од скоро сите области на архитектонското проектирање. Изработила приближно 150 проекти од кои 103 се реализирани, а 48 проекти не се реализирале од разни причини. Меѓу нејзините познајчајни дела е објектот на Театарот на народности во Скопје, денешен Албански театар и на Гинекологија Чаир. Ќосевска беше една од главните архитекти ангажирани за изградбата на Градскиот ѕид на Скопје, историски и културен симбол на градот.

Вера Ќосевска е родена на 27 март 1929 година во Осијек – Република Хрватска. Сo архитектура и градежништво се запознава уште во детството. Вујко и бил инжинер-архитект, кој живеел во Загреб, но градел многу објекти во Осијек, па таа често одела со него на градилиште каде гледала како мајсторите работат.

Основно образование завршила во Осијек, а гимназија учела во Загреб и Белград, каде положила матура во јуни 1948 година. Во септември 1948 год. се запишала на Архитектонски Факултет при Универзитетот во Белград, каде дипломирала на 25 јуни 1953 год. со одличен успех, во класата на професор арх. Станко Клиска, со проект: Болница за костнозглобна ТБЦ во Калиште на Охридското Езеро.

По дипломирањето со сопругот доаѓа во Македонија и на 1 август 1953 год. се вработила во проектантското биро на Македонија “Проектант” во Скопје.

Во 1954 год. со сопругот го оформиле првото проектантско биро при Општинското Собрание во Охрид. Работела и во секторот за урбанизам и архитектура во Собранието на скопската околија. Од 1959-1961 работи во проектантско претпријатие “Агропроект” во Скопје, од каде преминала во ООЗТ “Пелагонијапроект”, кое било оформено по спојувањето на “Проектант” и ГРО “Пелагонија”. Тука работела се до пензионирањето.

На 30 јуни 1959 година положила државен стручен испит со кои ги стекнала овластувањата за проектирање и за градба на објекти од сите области на високоградбата.

Претходна вестСвечено затворање на Охридско Лето со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ на Југословенски драмски театар од Белград
Следна вестГлумат питоми скопјани, а прават диви депонии