Глумат питоми скопјани, а прават диви депонии

Дивите депонии никако да си заминат од Скопје. Те ги молевме да си отидат, те ги чистеа од време на време, те апели имаше, те… ама секој ден купиштата на ѓубре си се враќаат на своите места, едноставно си сакаат да си се „дома“.

Пример за таква „идими – дојдими“ дива депонија има на паркингот кај градските гробишта „Бутел“. Во неделата нашиот објектив пак ја улови сликата која беше со години присутна. Расфрлано многу ѓубре насекаде. А само пред некој месец, во мај годинава, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје темелно ја исчистија.

Е тие – несовесните граѓани – сакаат ли во нивното дома да има вака распослано ѓубре? И по подовите и теписите ли расфлаат се што не им треба?

И колкумина од ваквите скопјани откако ќе направат дива депонија потоа трчаат на социјалните мрежи да ги критикуваат комуналците дека не си ја извршуваат работата? Па кој може да постаса да исчисти позади човек – ѓубре?

Да, да, во Скопје има многумина што глумат питоми граѓани, а прават диви депонии.

Потребно е самоосвестување. Потребна е едукација. Ама, потребни се и казни.

 

Претходна вестПочина Вера Ќосевска, една од најзначајните архитектки во земјава
Следна вест19-годишно момче загина на рингишпилот во Пефкохори откако му се скрши столчето