Во последните 24 часа во Македонија се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравтсво.
Од новозаразените во Скопје се 42, Куманово 3, Тетово 2, Прилеп 2, Гостивар 1, Штип 1,Битола 1,Велес 2,Охрид 1,Струмица 2,Кавадарци 1,Неготино 1,Виница 1,Пробиштип 2 и Крушево 1.
-Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови, се наведува во соопштението.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања на Ковид -19.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500, информира Министерството за здравство.