Македонските ракометари ја остварија целта, се пласираа во втората фаза на СП

Македонските ракометни репрезентативци успеаја да обезбедат пласман за следната фаза на СП во Египет. Го победија репрезентативниот тим на Чиле со 32 : 29. Успехот е голем ако се знае дека тоа го сторија по двата тешки порази од Шведска и Египет.

Во првото полувреме натпреварот беше израмнет, а македонската репрезентација првпат во водство стигна со резултат 10:9. Сепак на крајот полувремето заврши со еден гол предност за Чиле, односно 17:16.

Со поголема будност и настојчивост македонските репрезентативци на стартот од второто полувреме ја засилија одбраната. Одлични беа и голманите, па во последните 10 минути ние влеговме со два гола предност 27:25.

На крајот од натпреварот репрезентативците славеа со конечни 32:29.

Најмногу голови постигна Лазаров – дури 8, а по него расположени беа и младиот Костески со 5 гола и Пешевски со 5 погодоци.

Во следната фаза на СП ќе вкрстиме со групата во која се Русија, Словенија и Белорусија.

Претходна вестСобранието не може да одржи седница, владеачкото мнозинство нема кворум
Следна вестПочинаа 13 пациенти, новозаразени со вирусот се 63 лица