Собранието не може да одржи седница, владеачкото мнозинство нема кворум

Македонскиот парламент денеска не е во можност да одржи седница. Имено, владеачките партии не обезбедија кворум во Собранието за гласање на неколку закони. Требаше да се гласаат и законите за попис и за лекови.

Мнозинството го немаше потребниот 61 пратеник. Еден пратеник од владејачкото мнозинство е позитивен на корона вирус, а уште еден е тестиран и за него се чекаат резултати.

Опозициските партии не влегоа во салата за да учествуваат на седницата. За СДСМ ова е недржавничко однесување од страна на опозицијата, а опозицијата пак потенцира дека власта го злоупотребува европското знаменце и затоа ќе наидуваат на демократски отпор.

Собранискиот спикер Џафери констатираше дека нема услови за работа, бидејќи опозициските пратеници во Собранието се потпишани како присутни, но не се во салата.

Џафери информира дека седницата ќе продолжи откако пратениците ќе ги надминат здравствените проблеми.

Претходна вестКорисно, акција за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Центар
Следна вестМакедонските ракометари ја остварија целта, се пласираа во втората фаза на СП