Корисно, акција за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Центар

Хаварисаните возила од денеска бесплатно ќе можат да се отстрануваат од подрачјето на скопската општина Центар, а нивните сопственици кои ќе се согласат со тоа ќе добиваат надомест. Акцијата чие мото е „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ е дел од проектот „И отпадот има вредност!“ кој го организираат ЈП Паркинзи на Општина Центар  во соработка со фирмата Васкони Скрап ДОО-Скопје. Целта е да се ослободат паркинг местата и јавните површини на територија на Општина Центар кои се зафатени од страна на хаварисани и напуштени возила и приколки кои претставуваат опасност за жителите и животната средина.

Во склоп на кампањата од среда (20.01.2020) ќе се отвори и посебна телефонска линија 075 476 762 каде сопствениците на хаварисани возила ќе можат да ги пријавуваат своите автомобили. Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот.

Хаварисаните возила бесплатно ќе се носат во депото на друштвото за производство, трговија и услуги Васкони Скрап ДОО-Скопје. Потоа тие ќе ги сечат и ќе ги продаваат како старо железо, а за тоа сопствениците на возилата ќе добијат надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

Претходна вестЗаев: Јас сум служител на граѓаните, на градоначаниците од СДСМ им порачувам да не глумат локални шерифи
Следна вестСобранието не може да одржи седница, владеачкото мнозинство нема кворум