Заев: Јас сум служител на граѓаните, на градоначаниците од СДСМ им порачувам да не глумат локални шерифи

Мојата порака што секогаш им ја давам за градоначалниците од СДСМ, кои победија на изборите, е да не глумат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, кога деновиве беше објавено дека повеќе вработени во Општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

-Лично разговарав со него и, секако, добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. Оваа недела сигурно ќе реагирам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не ги знам деталите, не можам да инсинуирам што било, но, дефинитивно, ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар, изјави премиерот Заев.

Претходна вестГоривата од ноќеска поскапуваат
Следна вестКорисно, акција за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Центар