Горивата од ноќеска поскапуваат

Од ноќеска на полноќ горивата во Mакедонија ќе се продаваат по цена поскапа за еден и 1,5 денар, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е В), се зголемуваат за еден денар за литар и ќе изнесуваат 63, односно 54,5 денари.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар со што Еуросупер БС-98 ќе се продава за 65, а Екстра лесното масло за домаќинство за 54,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,772 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 30,823 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,708 отсто и кај дизелот за околу 4,285 отсто, како и за 0,845 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Претходна вестРакометарите по победа против Чиле за пласман во втората мундијалска рунда
Следна вестЗаев: Јас сум служител на граѓаните, на градоначаниците од СДСМ им порачувам да не глумат локални шерифи