Ракометарите по победа против Чиле за пласман во втората мундијалска рунда

Македонската ракометна репрезентација попладнево со почеток во 15:30 часот го игра последниот меч од првата фаза на Светското првенство во ракомет кое се игра во Египет. Противник е селекцијата на Чиле, против која досега во минатото сме извојувале две победи на Мундијалите. Македонија победи и на последните две пријателски средби.

Победа на овој меч ќе значи освојување на третото место кое ќе донесе пласман во следната рунда, додека пораз ќе значи дека ракометарите ќе ги спакуваат коферите и ќе се вратат дома.

На првите два меча против Шведска (32:20) и Египет (38:19) Македонија не остави впечаток дека на овој Мундијал може да се постигне нешто повеќе. Сепак, пласманот барем во следната рунда е можен, бидејќи Чиле е далеку послап од претходните противници.

Претходна вестМВР се пофали: Казнет е пратеник кој зборувал на телефон додека возел
Следна вестГоривата од ноќеска поскапуваат