МВР се пофали: Казнет е пратеник кој зборувал на телефон додека возел

Пратеник во македонскиот парламент денеска е казнет од страна на полицијата бидејќи сторил сообраќаен прекршок. Информацијата за ова денеска на својата интернет-страница ја објави Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, се наведува во информацијата.

Да се надеваме дека ваквите соопштенија ќе станат почести. И тоа не само за телефонирање за време на возење. Голем дел од избраните функционери се однесуваат како патиштата да се нивна сопственост, а ние обичните граѓани треба да се потргнеме кога тие поминуваат.

Претходна вест„Изолираната“ Србија ќе ни даде 8.000 вакцини, ветените од пријателските Грција и Бугарија ќе ги почекаме
Следна вестРакометарите по победа против Чиле за пласман во втората мундијалска рунда