Сончево и студено, температура до 3 степени

На скопското подрачје денеска ќе преовладува сончево и студено време. Утринската температура ќе биде до минус 6 а дневна до 3 степени

Слично време се очекува и на подрачјето на цела земја. Во северните делови ќе има мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Утринските температури ќе бидат ниски и под нулата. Ќе се двиати од минус 14 до минус 4, а дневните од минус 4 до 8 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во четврток преку ден во западните делови на планините ќе има услови за снег, а на пониските места понекаде ќе врне снег кој ќе преминува во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде, ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе почне побрзо да се топи снегот.

Претходна вестСе слави Богојавление – крштевањето на Исус, годинава без фрлање на крстови во реките и езерата
Следна вестВо скопска бања нападната 95 – годишна скопјанка