Починаа 4 пациенти на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, новозаразни се 120 лица

Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Повторно најголем број имаше во Скопје – 64, а потоа во Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.

-Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 3134, активни 2049, Куманово 760, активни 211, Дебар 96, активни 44, Штип 347, активни 160, Прилеп 263, активни 37, Тетово 714, активни 394, Струга 225, активни 140, Велес 186, активни 40, Битола 54, активни 20 итн.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Претходна вестСкопјанец и неговата асистентка краделе и ги тепале жртвите
Следна вестФилипче: Ако има потреба ќе препорачаме рестриктивни мерки