Починаа 5 пациенти на возраст од 53 до 60 години, новозаразени се 88 лица

Во изминатово деноноќие во Македонија починаа пет пациенти, а има и 88 новозаразени граѓани од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г), се наведува во инфорамцијата.

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 45, Куманово 4, Штип 1 , Прилеп 7, Тетово 6 , Струга 3, Битола 2 , Охрид 3 , Гостивар 1, Струмица 7,Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје 42,Куманово 17,Штип 7,Прилеп 16,Тетово 10,Велес 1,Битола 2,Охрид 4,Гостивар 10,Гевгелија 4 ,Крива Паланка 5,Радовиш 2,Кочани 4,Пробиштип 2,Пехчево 2,Кратово 1 , Свети Николе 2,Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, се наведува во информацијата.

Претходна вестФилипче: Состојбата со вирусот се влошува, можно е задолжително носење маски на отворено…
Следна вестФилипче: Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас