Филипче: Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас

Се почестата тема во целиот свет околу вакцината против корона вирусот денеска ја прокоментира и министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни дека се уште е далеку од тоа да одлучи која вакцина ќе се користи кај нас со оглед на тоа што како што рече според неговите сознанија, ниту една не е во фаза во која целосно се завршени клиничките студии.

Сепак тој нагласи дека се следи развојот на сите вакцини во светот.

– Имавме комуникација со рускиот амбасадор на кој му упативме дополнителни прашања за кои немавме увид. Одговори се уште не сме добиле. Во меѓувреме, го следиме и развојот на вакцините на близу 10 компании кои се во фази на клиничко истражување, објасни министерот.

Претходна вестПочинаа 5 пациенти на возраст од 53 до 60 години, новозаразени се 88 лица
Следна вестОд Албанија, Србија и Германија влегле најголем број од увезените случаи на корона вирус во Македонија