Од Албанија, Србија и Германија влегле најголем број од увезените случаи на корона вирус во Македонија

Од почетокот на корона кризата во Македонија регистрирани биле вкупно 414 увезени случаи на корона вирус. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

-По затворањето на границите спорадични случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторното отворање на границите речиси секој ден. Од почетокот, вкупен број импортирани случаи се 414, од нив најголем број се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи, рече министерот.

Поради ширењето на корона вирусот границите беа затворени три месеци, односно од март до 17 јуни.

Инаку, најголем број новодијагностицирани сме имале во 28-та недела, односно втората недела од јули, со регистрирани 1.074 нозоаболени, по што следи период кога бројката опаѓа се до 38-та недела, во септември, кога се регистрирани 908 нови случаи.

Претходна вестФилипче: Се уште сме далеку од тоа да одлучиме која вакцина ќе се користи кај нас
Следна вестВо два наврати ја тепал сопругата дури и на улица пред децата