Во последните 24 часа во Македонија се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19. Починати се 9 пациенти, а оздравени се 200 лица. Ова пред малку го информира Министерството за здравство преку Фејсбук.
Од новорегистрираните случаи на ковид-19 во Скопје се 261 лице, во Куманово-13, Штип-19, Прилеп-21, Тетово-30, Струга-5, Велес-13, Битола-21, Охрид-15, Кавадарци-11, Гостивар-10, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Планка-4, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-6, Берово-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-8, Кичево-13, Ресен-6, Неготино-1.
Во изминатото деноноќие, според податоците на Министерството за здравство, починале 9 лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).
Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.