Во последните 24 часа во Македонија се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените се во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683.