Починале 26 пациенти од вирусот – најмладиот имал 42 години, новозаразени се 758 лица

Во последните 24 часа се направени 2.562 тестирања во Македонија, а регистрирани се 758 нови случаи на Ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се во: Скопје – 324, Куманово – 43, Штип – 22, Прилеп – 46, Тетово – 21, Струга – 27, Велес – 26, Битола – 23, Охрид – 28, Кавадарци – 36, Гостивар – 32, Гевгелија – 17, Струмица – 26, Крива Паланка – 3, Радовиш – 5, Кочани – 19, Пробиштип – 1, Пехчево – 2, Берово – 2, Валандово – 8, Виница – 2, Делчево – 8, Кратово – 4, Свети Николе – 6, Кичево – 14, Ресен – 2, Неготино – 11.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86), двајца од Куманово (87 и 52), еден од Дебар (80), петмина од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76), еден од Струга (62), двајца од Битола (77 и 69), четворица од Охрид (62, 70, 57 и 81), еден од Свети Николе (65), двајца од Кичево (64 и 77) и еден пациент од Неготино (74). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, бројката на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340, а бројот на активни случаи изнесува 20/751.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов вработува 135 партиски војници, меѓу кои и личен возач – претходниот го унапредил во раководител
Следна вестЈа лажел полицијата дека насилно е ограбен, добил кривична пријава